Третолигашите тешко може да изборат опстанок во Втора лига

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Минатата сезона поради откажувањето на Беса од Добри Дол од натпреварување откако тимот испадна од Прва лига, имаше можност сите шампиони во Трета лига да влезат во Втора лига, како што е случајот со Големо Коњари кој е шампион во ТМФЛ – Југ, Преспа во ТМФЛ – Југозапад, Тетекс во ТМФЛ – Запад, Шкендија Арачиново во ТМФЛ – Север и С лога Виница во ТМФЛ – Исток.

Но, на дело се виде дека овие екипи тешко може да стигнат до опстанок во Втората лига, па три екипи од овие пет веќе се испаднати експресно во Трета лига, како Големо Коњари, Слога Виница и Преспа, а пак Тетекс ќе игра бараж за опстанок, само Шкендија Арачиново покажа раст и се бори за влез во Прва лига.

Токму од таа причина има поделено мислење во јавноста дали треба да се овозможи директен влез на шампионите од Трета лига во Втора лига, наместо да играат бараж.

Крањето на Прва лига од 12 на десет екипи, како и кратењето на Втора лига од 16 на 14 екипи, а потоа и на 12 екипи е со цел да се донесе квалитет.

Многу често во пракса се покажувало не само оваа сезона туку и во минатите сезони дека ретко кој третолигаши имал сериозен напредок изборил опстанок или пак влегов во Прва лига, како што беше Беса, Арсими, Башкими, Воска и многу други екипи кои до пред неколку години беа дел од Трета лига.

Останатите екипи најчесто поради немање на финансии и добра спортска инфраструктура испаѓа експресно, а потоа и ги немало на фудбалската карта на Македонија, како што беше лани Вардарски од Богданци кој експресно испадна од Втора во Трета лига и не пријави учество за натпреварување во Трета лига – Исток. Како што беше и Братство од Житоше кој потоа во целост згасна, па сега се активираше во Општинската лига во Прилеп или пак тимот на Локомотива од Градско која сега игра во Општинската фудбалска лига на Велес.

Најголем дел кај овие екипи проблем се финансиите, а тоа е пресудно да се стигне до стабилизација откако ќе се обезбеди влез во Втора лига.

Останува да видиме што ќе донесе следната сезона, колку третолигаши ќе обезбедат влез во Втора лига и како ќе се справат со тој предизвик, да го обезбедат опстанокот или пак можеби со конкретен план да направат нешто повеќе од опстанок.

Александар Ванев, М-Нет