Трета лига – Исток: Фудбалското дерби во ова 13 коло ќе се одигра во Берово

Фудбалските третолигаши на истокот мошне ефикасно и бериќетно со голови го започнаа пролетниот дел. На сите 6 натпревари беа постигнати дури 28 голови а рекордот беше во Радовиш на средбата Детонит – Спартмани која заврши со резултат 11:0. Тимот на Детонит во претстојниот викенд го очекува тешка задача бидејќи ќе гостува на силниот Малеш во Берово кој пак во првото коло загуби во Свети Николе од Овче Поле со резултат 2:1. Мечот во Берово ќе биде вистинско дерби на Истокот бодејќи и двете екипи го задржуваат приматот да се борат за прво место на табелата кое води во Втора лига – Исток. Лидерот на табелата Брегалница во Делчево ќе има лесна задача со „фенерџијата“ Василево а интересно и неизвесно ќе биде на средбата Карбинци – Овче Поле кој засега е трети на табелата со 27 бодови или 4 помалку од Брегалница која е прва. Еве ги комплетните двојки за ова 13 коло:

  1. Раклиш – Тиверија ќе играат во сабота со почеток во 15.00 ч.
  2. Малеш – Детонит
  3. Брегалница – Василево
  4. Карбинци – Овче Поле
  5. Спартмани – Хоризонт
  6. Чешиново – Работник

Овие 5 натпревари ќе се одиграат во недела со почеток во 15.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk