Село Чардаклија, штипско поврзано на градскиот водоводен систем

Жителите од село Чардалкија, штипско конечно се приклучува на градскиот водоводен систем. Со тоа околу 70 домаќинства од ова село, кои претходно имаа техничка вода, сега добиваат чиста и здрава вода за пиење. Градоначалникот на Општина Штип, Николов посочувајќи дека и овие жители се дел од Општина Штип истакна дека го радува фактотот што конечно ке се поврзат на градскиот водоводен систем.

„Околу 70 домаќинства ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, а исто така се создадени услови за приклучување на деловните објекти кои се сместени во индустриските зони во населба „Македонка“ и населба „Балканска“ – истакна Николов

На водоводниот систем се приклучени и жителите од населба „Македонка“ како и „Балканска“. Со ова и овие приградски населби ќе имаат чиста вода за пиење.

За овој значаен проект Општина Штип и ЈП„Исар“ инвестираа некаде околу 360 илјади евра. Како значајна капитална инвестиција на ЈП„Исар“ се очекува воспоставување на водовод и канализација во населба „Железничка“, а до крајот на месец август предвидено е приклучување на хидросистемот Злетовица со што ќе се добиваат допочнителни 300 литри  вода во секунда.

Лаура Стојанова М-Нет