Трет уписен рок во УГД Штип, ќе трае до 18 септември, последен повик за заинтересираните

Почна третиот уписен рок во УГД Штип , кој ќе трае до 18 септември – последен повик за сите кои не успеаја да се запишат во претходните два уписни обиди. Иако најголем интерес досега имало за Факултетот за медицински науки, сепак како што истакна Мишко Џидров, претседателот на уписната комсија, таму веќе нема слободни места. На останатите факултети – конкуренцијата е помала, а местата се уште достапни. Студентите имаат рок и утре да ја комплетираат процедурата, пред стартот на новата академска година.

,,Денес и утре, 17 и 18 септември ги очекуваме студентите да се пријават прво во нашиот систем по третиот уписен рок, а понатаму следува процесот ние ги верификуваме нивните оцени. Ќе ги ренгираме, ќе можат да се видат во нашиот систем и понатаму следува процесот на нивно запишување на 25 и 26 септември. Со тоа завршува третиот уписен рок, но секако ги повикувам оние студенти кои што еве би рекол дека и од првиот уписен рок, па и од вториот не ги завршиле своите активности, односно не се запишани да го направат тоа, затоа што се уште имаат време да го направат тоа, до првиот академски час до 1 октомври. Има доволно слободни места, конкурсот е од вчера објавен, третата верзија на истиот конкурс во кој што има доволно словодни места. Најмногу гужва претходно имаше на факултетот за медицински науки, но таму повеќе нема слободни места.“, рече Џидров

Како што најави Џидров во третиот уписен рок, ослободување од партиципација ќе имаат само студентите од Филолошкиот факултет и оние кои се запишуваат на Катедрата за македонски јазик. Во октомври рече дека ќе има помош и за студенти со ранливи категории

,,Во првиот уписен рок беа повеќе студенти ослободени од плаќањето партиципација, а сега во третиот уписен рок ќе бидат ослободени само оние на студиските програми на филилошкиот факултет и оние кои што се запишуваат на катедрата по македонски јазик, бидејќи имаше одлука на факултетско ниво. Во тек на месец октомври ќе има поволност за сите оние студенти кои што имаат некој фамилијарни ситуациии со еден родител, починат родител, студенти со ранливи категории.“, дода Џидров

Инаку, оваа година УГД очекува повторно да има студенти од странство, а во моментот најголем интерес има повторно од Турција. За нив е предвидено да има повеќе програми на англиски јазик.

Иван Митев, М-Нет