Изменет сообраќаен режим за Пастрмалијадата, обезбеден бесплатен градски превоз за посетителите

За престојниот викенд ќе биде воведен изменет сообраќаен режим околу градскиот стадион. Од петок по полноќ и во сабота за време на манифестацијата „Пастрмалијада“ ќе се затворат дел од улиците околу градскиот стадион.

„Ќе се затворат дел од улицата Борис Кидриќ со крстосница булевар ЈНА, до Партизанска со улица 9 Мај кај автобуската станица. Во сабота предвидено е да се затвори втора фаза од улиците. Тоа ќе биде улица Доктор Слободан Јовановски со булевар Гоце Делчев, потоа кај Промајата“ – вели Мијалкова Судиклиева.

Дополнително паркинг места ќе има и во населбите Баби, Три Чешми, кај бања Кежовица и Плуждино. Од таму постојано ќе има автобуси на ЈП Стипион кои бесплатно ќе ги пренесуваат посетителите до местото на одржување на пастрмалијадата.

„Општина Штип обезбеди 4000 паркинг места на повеќе локации во градот, а ќе имаме и организиран автобуски превоз.“ – додава Мијалкова Судиклиева.

Од општина Штип истакнаа дека на паркинг местата ќе има поставено редари на ЈП Стипион, па упатија апел до посетителите да ги следат нивните насоки. Дополитено замолија штипјани редуцирано да се движат со своите авотмобили за да има паркинг места за посетителите од останатите места.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет