
Женската А репрезентација на Македонија е на тренинг камп во Дојран, каде селекторот Александар Андов ја проверува формата на репрезентативките пред натпреварот со Косово кој е закажан за 21. февруари во рамки на Лигата на нации.
На овој тренинг камп женската А репрезентација одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Македонија до 17 години. Тренинг кампот се реализира од 31. јануари заклучно со денес.
Женската репрезентација на Македонија во Лигата на нации е во група со репрезентациите на Косово и Латвија.
Првиот меч го играме против Косово на домашен терен на 21. февруари, со оглед на тоа што нашата група е со три репрезентации, вториот меч го играме исто така на домашен терен против Латвија на 4. април, додека пак на 8. април играме против Косово во гости. Сигурно е дека измеѓу овој период од февруари до април Македонија ќе одигра пријателски меч. Последниот натпревар од Лигата на нации го играме на 30. мај против Латвија во гости.
Александар Ванев, М-Нет