
Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона. Тој верува во потенцијалот на екипата што ја предводеше а оставката е од лични причини.
,,Оставката е лична бидејки не можам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности. Оваа екипа има потенцијал и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел а тоа е опстанок во Првата лига“, вели Стојанов
Искусниот Панче Стојанов кој е од самите почетоци на Академија Пандев, сега Брера Струмица како прв тренер дојде минатата сезона во пролетниот дел. Го предводеше тимот до опстанок, а на стартот од оваа сезона оствари две ремија на гостински терен. Против Вардар 2:2 и Тиквеш 0:0.
ФК Брера му искажува голема благодарност на Стојанов кој остави голем печат со својот професионален однос во клубот и му посакаа со успех да продолжи да ja гради својата кариера.