Трајан Коцев е нов в.д. директор на ЈП Исар, Трајче Здрваков нов шеф на кабинет во О. Штип

Нови промени во Општина Штип и јавните претпијатија. Општината добива нов шеф на кабинет, а ЈП Исар нов в.д директор. Трајче Здравков кој досега беше в.д. директор на ЈП Исар седнува на позиција шеф на кабинет во Општина Штип, а за прв човек на претпријатието е назначен Трајан Коцев. Градоначалникот Јорданов на денешната прес конференција истакна дека е задоволен од работата на Здравков како директор на претпријатието, но се надева на уште поуспешна работа како шеф на кабинет, идентично како што има високи очекувања од новиот директор на ЈП Исар, Коцев.

Во наредните денови ќе се именува нов вршител на должност во ЈП Исар, Коцев кој е познат како директор на детската градинака „Вера Циривири Трена“. Сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на досегашниот директор на ЈП Исар на Трајче Здрвков за постигнатите резултати во изминатата година и сум убеден дека како шеф на кабинет ќе постигнеме уште подобри резултати во организација на работите кои се поврзнаи со кабинетот. Се надевам и сум убеден дека новиот директор на ЈП Исар ќе даде дополнителна вредност и ќе се сервисираат оние основни обврски кои ЈП ги има кон граѓаните“ – кажа Јорданов.

Промени е нормално да се случуваат, за на крајот на денот граѓаните да го добијат она што го заслужуваат и општината и јавните претпријатија да работат подобро. Нови промени благовремено нема да има вели Јорданов, но ако се одлучат на нови поместувања на кадрите јавноста ќе биде благовремено известена.

„Благовремено не, кога ќе се одлучиме да направиме одредени рокации, поместувања на кадрите, човечките ресурси со кои располагаме секако дека јавноста ќе ја информираме. Нашата цел е сите потенцијални кадри со кои сакаме да придонесеме во нашиот град да ги поставиме на позиции на кои сметаме дека ќе дадат најголем придонес. Убеден сум дека овие промени ќе ја подобрат состојбата и во општината но и во ЈП Исар и дека секпгаш треба да постои таков момент кога треба да се дадат можности“ – додава Јорданов.

Промените во Општина Штип започнаа пред неколку дена откако од лични причини оставка си даде директорот на ЈП Стипион, Ефтимов а на негово место седна Зајков. И Ефтимов, сега и Здравков во директорски фотелји се задржаа нешто повеќе од една година, откако беа назначени од актуелниот градоначалник веднаш по последните локанли избори минатаа година.

Лаура Стојанова М-Нет