Речиси 40% од градежните активности за изградба на брана на река Отиња се завршени

Со одлично темпо на работа продолжува да се гради капиталниот проект за штипјани изградба на брана на река Отиња, уверува министерстот за транспорт и врски, Благој Бочвраски. Од почетокот, пред повеќе од една година до сега реалзирани се нешто над 37% од градежните активности на терен. Ако се продолжи со вакво темпо, Бочвраски е оптимист дека проектот ќе биде завршен до почетокот на 2024 година, во рамки на предвиденото.

„Браната на река Отиња има прогрес од 37 – 38%. Динамиката оди добро. Наредната година ќе има над 60 милиони денари, на крајот на наредната година ќе бидеме со уште поголем прогрес, а на почетокот на 2024 овој проект ќе биде завршена.“ – кажа Бочварски.

Брана на река Отиња е проект од големо значење за Штип и штипјани, кој започна да се гради во 2021 година, а се предвидени 306 милиони денари. Од пред неколку дена започна и експропријација на земјиштето околу браната со што се очекува на почетокот на 2024 година штипјани за реалност да ја имаат браната на река Отиња.

Лаура Стојанова М-Нет