Трактор со штипски регистарски ознаки излетал од патот во близина на село Зрновци

На 28.05.2021 во 13,55 часот на локалниот пат Зрновци – Лески околу 11,00 часот, трактор „имт-540“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Т. (68) од с. Зрновци излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Т. (63) од с. Зрновци на која и е укажана лекарска помош во Јавна здравствена установа-Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.