
На Европското првенство во Самбо што се одржува во Лимасол, Кипар штипјанецот Бобан Данов го освои 7 место. Бобан Данов во првото коло извојува победа против натпреварувач од Шпанија а во второто коло загуби од натпреварувач од Русија. Имаше борба и во репасажот каде што беше поразен од Романец на поени 4:2. Освојувањето на 7 место на ЕП во Европа е голем успех на Бобан Данов кој воедно е и еден од тренерите во Балканец.

Според информаците од Бобан Данов, штипјанецот Данилел Илиев се наоѓа во Бугарија судејќи на Европското првенство за пионери и каде што тој фактички полага за судија од втора категорија. Со добивањето на таква лиценца Даниел Илиев ќе може да суди на Европски и на Светски првенства.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk