ТППЕ Штип – тема за препирки меѓу локалната власт и опозиција

За новиот градоначалник во Општина Штип, Иван Јорданов очигледно најважна е пресметката со партиски неитомисленици, истакнаа на прес конференција денеска од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека новата власт веднаш започнала со реваншизам, а тоа може да се заблежи со формирање дисциплинска комисија од страна на Јорданов кој врши притисок врз командирот на ТППЕ Штип.

„За градоначалникот ЈОрданов очигледно најважна е пресметка со партиски неистомисленици штом уште првиот ден на своето работење започна со обиди за дискридитирање и реваншизам. Дали промените кои ги најавуваа во предизборието значат притисоци врз директори, делење отказни решенија, закани и уцени. Само еден од примерите за ваквиот начин на владеење е формирање на дисциплинска комисија од страна на градоначалникот Јорданов, кој поради партиски интерес врши притисок врз командирот на ТППЕ Штип“ – кажаа од СДСМ.

На ваквите обвинувања Јорданов кажа дека постапувал по реакции од граѓаните кои пристигнале до него, а се однесуваат на моменталната ситуација во ТППЕ Штип. Тој додаде дека преку комисијата ќе се утрвди дали неправилности навистина има или не, и понатаму ќе се реагира соодветно.

„Она кое што јас го имам како информација е дека таму практично со години не функционирале возилата, никој не сноси одговорност зошто тие возила не се сервисирани и не се во употреба. Исто така она што го добив како информација е дека едно од возилата кое што требало да се користи за гаснење на пожари и за интервенции се користело како приватно, службено возило од командирот на ТППЕ Штип“ – додаде Јорданов.

Темата веќе е начната, па како што додаде Јорданов тој како одговорен градоначалник преку комисијата ќе побара одговорност додколку се утврдат неправилности во работењето на ТППЕ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет