
Општина Кочани е една од општините во Истокот каде може да се најде топла вода. Имено, од истата се топлат неколку институции, како полицијата, Судот, неколку училишта, но тоа е се. Топлата вода за Општина Кочани е еден од најголемите благодети, но колку истата е искористена ги прашавме граѓаните во Кочани? Според оние кои ги анкетиравме оваа вода и покрај тоа што ја има не е доволно искористена, односно сметаат дека надлежните треба повеќе да се ангажираат за нејзино целосно искористување.
„Топлата вода не треба да дозволуваат така да тече, треба да ја искористат во некоја намена, има икс намени“
„Жешката вода треба да направат, да ја уредат да се користе таа вода.“
Надлежнте велат дека се прават максимални напори за целосно и вистинско искористување на топлата вода во Кочани. Директорот на КЈП „Вододвод“ Кочани, Иван Иванов истакна дека се прават напорти и за испорака на овој благодет со кој располага Кочани.
„Имаме два реикциони бунари и работиме на еден во моментот кој ни е испитан бунар, со што целата вода која се користи за загревање да се врати повторно во лежиштето. Имаме најава за искористување на геотермалната вода во спа центар и имаме доста фирми кои покажуваат интерес да произведуваат електрична енергија“ – кажа Иванов.
Инаку пред една година се врати во функција бунарот за црпење топла вода, кој беше во застој со што бунарот повторно ја вади топлата вода од геотермалното лежиште Подлог-Бања во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет