
Тиквеш е претпоследниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија, откако во Неготино славеше над третолигашот Крошу Спорт од Битола со неверојатни 0:13.
Повеќе од јасно беше дека прволгиашот од Кавадарци лесно ќе ја помине првата пречка во Купот и ќе обезбедат пласман во осминафиналето.
Тиквеш им се приклучи на Арсими, Башкими, Шкендија Арачиново, Каменица Саса, Скопје, Новаци, Беласица, Брегалница, Вардар, Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП и Брера Струмица.
Последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија ќе се добие на 14 октомври кога ќе се одигра мечот меѓу Вардар Неготино и Работнички.
Во осмифиналето директен пласман има Силекс како лански освојувач на Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет