
Во новата сезона 2026/2027 во Втората женска кошаркарска лига ќе се натпреваруваат шест екипи, кои ќе се борат за пласман во елитата.
Тим Арена од Штип и во новата сезона ќе се натпреварува во второлигашката конкуренција, а покрај тимот од градот под Исарот учество ќе земаат и екипите на Гостивар, Шкупи, Охрид, Спорт Тим и Струга.
Ако се погледне кошаркарската карта на Македонија во поглед на екипите кои ќе се натпреваруваат во Втора лига, ќе има екипи од Штип, Гостивар, Чаир, Охрид, Неготино и Струга.
Во рамки на првото коло Тим Арена ќе гостува кај Охрид, Гостивар ќе игра против Шкупи, а пак Спорт Тим ќе ја пречека екипата на Струга на домашен терен во Неготино.
Александар Ванев, М-Нет