Тиквеш промовираше четири странски засилувања, Пелистер промовираше српски кошаркар!

Прволигашот Тиквеш за новата сезона од Првата кошаркарска лига се засили со четири странски кошаркари.

Последен во низата кој е промовиран во Кавадарци е американскиот центар Брајс Хант. Новото засилување на некогашниот шампион од Кавадарци за првпат ќе настапи во Европа, а покрај Хант во Тиквеш беа промовиран и Мајк Грин, Ајзак Џонс и Том Куори.

Пелистер за новата сезона се засили со Србинот Никола Мишковиќ, кој во Битола доаѓа од редовите на рускиот тим Иркут.

25-годишникот својата кариера ја започна во Мега, а за Пелистер се очекува да биде големо засилување.

Токму на стартот од новата сезона овие две екипи ќе ги одмерат силите во Кавадарци, во рамки на првото воведно коло.

Александар Ванев, М-Нет