
На 04.10.2026 во 00:45 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул. „Ванчо Прќе“ во Штип, 16-годишник од Штип, управувајќи мопед „априлија“ со штипски регистерски ознаки, изгубил контрола при што удрил во паркирано патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки и паднал. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Штип.