
Во четврток започнува првата работилница, во која млади ученици од средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип ќе имаат можност да дизајнираат парчиња облека со познатата модна дизајнерка Ирина Тошева. За таа цел приватна компанија од општината донираа текстилни материјали кој понатаму ќе се преработува и од него ќе се создаваат уникатни парчиња облека.
„Работилнициата ќе започне овој четврток и ќе дојде познатата модна дизајнерка Ирина Тошева која ќе ни ги даде упатставата како да продлжиме понатаму со проектот. Ќе бидат вклучени ученици од нашето училиште, десетина, со оглед на расположливите машини кои ги имаме во нашата работилница со цел да ги изработиме моделите. Манекенките ќе бидат од гимназијата од Штип.“ – кажа професор Неткова.
Донацијата од прватна компанија во Штип се состои од опрема, материјали и репроматеријали кои ќе корситат за образовниот процес на учениците и за поуспешно образование. Според директорката Марина Варадиновска, интерес кај младите има да се запишат и да создаваат уникатни и модерно парчиња облека.
„Целта на овој проект е да самите млади ученици да го осмислат и остварат својот пат и својата визија кон оваа значителна професија, во однос на текстилното инженерство. Учениците ќе бидат опфатени од трета и четврта година“ – кажа Варадиновска.
Настанот е организиран по повод 30 години соработка меѓу државата и УСАИД. Во склоп на ова ќе се организираат низа настани во осум општини во државата меѓу кои и Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет