Текстилец од Штип со пораз ги започна ракометните возбудувања во Првата Македонска лига

Конечно започнаа и ракометните возбудувања во Првата лига на Македонија која е составена од две групи А и Б во кои ќе се натпреваруваат по 8 екипи.

Ракометниот клуб Текстилец од Штип ќе се натпреварува во групата Б заедно со екипите на: Вардар од Неготино, Македонија ЃП, Металург, Партизан, Скопје, Куманово и Делчево – Вардар.

Со одлука на Ракометната федерација на Македонија натпреварите поради пандемијата ќе се одигруваат турнирски сите 4 средби од едно коло во една сала и во еден град. Веќе се одиграа и натпреварите од првото коло и тоа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје при што се постигнаа следните резултати:

Металург – Партизан 28:19

Скопје – Куманово 30:23

Вардар Н – Текстилец 30:25

Македонија ЃП – Делчево – Вардар 32:34

Екипите на Металург, Скопје, Вардар Н и Делчево Вардар ги освоија првите 3 бода, а останатите екипи се без бодови. Второто првенствено коло ќе се одигра на 10 октомври, но сеуште не е утврдено во кој град ќе се одиграат натпреварите, а на програмата се следните нтпревари:

Текстилец – Куманово

Делчево Вардар – Металург

Вардар Н – Македонија ЃП

Партизан – Скопје

Драги Герасимов – Пушка, Mnet.mk