
Викендот ќе бидат одиграни натпреварите од 4. коло од Првата ракометна лига. Во рамки на четвртата рунда од групата А екипата на Металург РА на домашен терен ќе игра против ланскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2. Битолчани одат само по триумф и нови два бодови на патот кон враќање во Суперлигата. Меч кој се игра в сабота од 19 часот.
В недела Кичево на домашен терен ќе се соочи со ланскиот суперлигаш Аеродром од 17 часот, а во ист термин во Струмица ќе се одигра натпреварот меѓу Астраион и Јехона од Гостивар.
Во рамки на 4. коло слободни ќе бидат екипите на Овче Поле и Мулти Есенс.
Во однос на групата Б четврото коло ќе биде отворено вечерва со мечот меѓу Вардар Неготино и Преспа Вардар, в сабота Драчево на домашен терен ќе игра со Младост од Богранци во дерби меч каде и двете екипи силно посакуваат победа, а мечот започнува во 18:30 часот, ланскиот суперлигаш Скопје на домашен терен ќе игра со Шампион во меч кој е од 14:00 часот.
Во училишната сала „Тошо Арсов“ во Штип ќе се соочат Текстилец против Македонија ЃП, меч каде скопскиот тим сака два бодови против домаќинот кој атакува на второ сезонско славје. Натпреварот стартува во 17 часот.
Во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Партизан од Гевгелија.
Александар Ванев, М-Нет