Патриот во Делчево ја чека Крива Паланка, Баскет Кам сезоната ја започнува со Бадел, Јанбор против Пониква

Утре ќе започне новата сезона од Првата женска кошаркарска лига на Македонија со натпреварите од првото воведно коло од двете лиги односно А и Б.

Во рамки на првото коло од Првата А женска лига бранителот на титулата Баскет Кам сезоната ја стартува со гостување кај Бадел, Пробаскет ќе игра против Вардар на домашен терен, МЗТ Скопје ќе го пречека составот на Куманово Гризли, а пак Патриот во Делчево ќе игра со екипата на Крива Паланка.

Во однос на првото коло од Првата Б женска лига Шкупи на домашен терен ќе игра со Струга, Гостивар на свој терен ќе го пречека Спорт Тим, Риниа ќе биде домаќин на Охрид, а пак Јанбор против Пониква.

Натпеварот меѓу Пробаскет и Вардар се игра утре, а пак Патриот и Крива Паланка ќе играат в недела, сите останати в сабота.

Александар Ванев, М-Нет