Таравари: Ќе продолжи изградбата на новата болница и во Штип

Штип еден од центрите во кои што ќе продолжи изградбата новите болници, откако министерството за здравство започна проект за реновирање. Во последните 30 години не е изградена ниту една болница вели министерот Таравари, а на тие што се започнати е работено само две три години. Тој вели дека Штип ќе ја добиена новата болница со што граѓаните ќе се лекуваат во подобри услови.

“Не само Штип, сите болници се оставени така, како што се оставени. Ние ќе започнеме проект за реновирање, односно за нова болница во Штип и Кичево. Условите во болниците се тие како што се генерално. За жал 30 години не е изградена ниту една болница. Струмица, Кичево, Штип, кои што се започнати останати се така како што се. Работено е година, две три и оставено. Јас се надевам дека некој од овие проекти ќе ги продолжиме.“, вели Таравари

И Штип еден од повеќето градови, ќе мора да дистрибуира и даде и терапија на одредени пациенти, кои што можат да примаат болницата, додава Таравари.

„Битола, Тетово, Штип и 8 ми септември, ќе мора да дистрибуираат и да дадат терапија на одредени пациенти, кои што можат да примат во тие болници.“, додава Таравари

Со ваквите можности во Штип не само што ќе има подобри услови за живот, тој ќе го задржи својот епитет центар на истокот, а тоа ќе означува добра можност за сите граѓани на истокот.

Иван Митев, М-Нет