
Започнаа активностите за припрема за асфалтирање на сите пристапни улици во кругот и рамки на КБ Штип. Повеќе од 60 години откако е изградена овдешната инфраструктура, до сега истата се нема обновено. Градоначалникот Иван Јорданов, вели дека од буџетот на општината се издвоени нешто повеќе од 2 милиони денари за асфалтирањето на улиците, кои што од кога ќе има подобри временски температури ќе бидат нанесени со асфалтна маса.
“Се наоѓаме во кругот на КБ Штип. Овде деновиве ќе се работи на припрема за асфатирање на сите пристапни улици и улиците во кругот во рамки на КБ Штип. Состојбата со нфраструктурата во КБ е повеќе од евидентна, затоа што повеќе од 60 години откако е изградена оваа инфраструка овде, никој до сега нема направено поместување на работите во делот на инфраструктурата. Во разговор со директорот на КБ одлучивме да направиме позитвни промени во рамки на постоечката инфраструктура, имајќи во предвид дека очекуваме во месеците кои што следат да се започне со активности за доизградба на новата зграда на КБ. Но, она кое што е многу битно и значајно е дека во меѓувреме сакаме да ги подобриме работите кои што зависат од нас. Во таа насока и во име на тоа се догворивме со директорот во неколку фази да се направат одредени измени. Она што општината може да помогне е патната инфраструктура во рамки на болницата и затоа одвоивме нешто пвоеќе од 2 милиони денари за асфалтирање на сите пристапни улици во рамки на КБ, кој што од кога ќе има подобри временски температури ќе се нанесе и асфалтната маса.“, вели Јорданов
Со ова граѓаните ќе имаат два влеза со подобра пристапност со кои што ќе се добие подобро функционирање, вели в.д директорот на КБ Штип Владко Захариев.
“Веќе дојде и таа прва етапа припрема на самиот круг на болницата за последнователно при подобрување на временските услови за асфалтирање на самиот круг. Со ова граѓаните ќе добијат два влеза за подобро функционирање и подобра ристапност.“, вели Захариев
Ваквите новитете за граѓаните ќе означува повеќе пристапни влезови, од една страна, а од друга страна со доизградбата на новата болница, подобри услови за лекување.
Иван Митев, М-Нет