Таравари: Се што правиме е пациентите добијат подобри, поквалитетни и поблиски услови во здравството

Се што правиме е пациентите добијат по квалитетни, подобри и поблиски услови во здравството, рече денес министерот Арбен Таравари, по повод светскиот ден на здравјето 7 април. Во својата изјава, денес тој посебен акцент даде на достигнувањата во овие 9 месеци, од кога е новата влада и за она што е направено во однос на подобрувањата и условите на здравствени работници.

Во однос на здравјето, пресетаделот на македонското лекарско друштво Горан Димитров рече дека најпотребно е граѓаните да доаѓаат на редовни контроли, како и земањето на вакцина за заштита од ракот на грлото на матката.

Светскиот ден на здравјето е ден посветен на подигањето на свеста за здравјето на луѓето ширум светот, кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светска здравствена организација.

Иван Митев, М-Нет