
Од вечерва на полниќ нови цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетникa донесе одлука за утрвдување на највисоки малопродажни цени на горивата и нафтените деривати. Согласно тоа, после полноќ дизелот поскапува за три денари за литар и ќе се продава по 107, 5 денари, а бензионот за 1,5 денари и ЕУРОСУПЕР 95 ќе се точи по 111,5 денари, а ЕУРОСУПЕР 98 107,5 денари за литар. Од овде се покачува и цената на такси улугата во Штип. И покрај тоа што за вечерва е закажан состанок на кој ќе се одлучува за колку ќе се покачи цената дел од таксистите веќе старот го почнуваат со 100 денари. Велат се работи само за гориво и храна.
Граѓаните велат со вакви цени, не само на нафтените дериварти туку и на храната воопшто ситуацијата во државата е најлоша во последните 50 години.
Драстично зголемување на цените во државата покажува инфлација од 12%, но и потешка потрошувачка кошничка за речиси три илјади денари за четири месеци.
Лаура Стојанова М-Нет