СДСМ: Јорданов дели подароци на партиски колеги ВМРО: Опозицијата има ограничени информации

Јорданов продолжува да дели подароци за партиските колеги, а тоа ги чини граѓаните неколку ститици илјади денари месечно, обвинија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од тамо велат дека со новите девет унапредувања кои ги распиша оптшина се опроварува Буџетот, и наместо проекти се задоволуваат партиските интереси.

„По ангажирањето на лицата на договор на дело без ангажман кои ги чинат граѓаните неколку стотици илјади денари месечно, Јорданов продолжувада дели унапредувања како подароци за партиските колеги и послушници. Со новите девет унапредувања кои ги распиша Општина Штип дополнително ќе се оптовари Буџетот и парите на граѓаните наместо за проекти ќе се пренасочуваат за задоволување на пртиските интереси. Со унапредување на еден раководител на одделение и осум советници во различни сектори и одделенија Јорданов и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го задржат партиското влијание кое го инсталираа во изминатите години додека беа на Власт. Ништо не е поразличнбо во ВМРО ДПМНЕ ни сега. Истите кадри, истите очајни потези со цел да се држи во заложништво администрацијата. Со ова се докажа намерата и мотивот за доаѓање на Власт на ДПМНЕ. Крјно време е Јорданов да престане со злоупотреба на институциите бидејќи граѓаните очекуваат конечно да започне да реализира прокети и да решава проблеми во интерес на граѓаните и општината“ – кажаа од ОО на СДСМ Штип.

Од кабинетот на градоначалникот на ова одговорија дека очигледно СДСМ располага со ограничени информации.

„Очигледно е дека опозицијата располага со ограничени информации. Клучно што треба да го знае СДСМ, но и јавноста е дека токму тие оставија долг од пет милиони евра, кои граѓаните треба да ги плаќаат. Исто така, друга клучна информација е тоа што во моментов во Општина Штип има помалку врабтени, во споредба со изминатите пет години. Затоа лицемерно е да се зборува за трошење народни пари и унапредување постоечки вработени, бидејќи тој начин на функционирање е карактеристично единствено за партијата СДСМ“ – одговорија во писмено соопштенио од кабинетот на градоначалникот.

Лаура Стојанова М-Нет