
Започна асфалтирањето на неколку пристапни улици во Индустриска зона 2 во Штип. Стартот денеска го означи првиот чивек на град Штип, Иван Јорданов. Со ова се подобрува инфраструктурата во градот, а граѓаните дополнително во овој дел од градот ќе може да инцвестираат и да отворат нови проозводствени капацитети.
„Денес започнуваме со асфалтирање на два пристапа и една сервисна улица во Индистирска зона 2, место кое сметаме дека треба да биде урбанизирано, односно да се подобри инфраструктурата затоа што освен постоечките капацитети, освен постоечките погони кои овде работат во наредниот период се планира зголемување на површините во оваа индустриска зона. Овде ќе имаат можност наши сограѓани да отворат нови производствени капацитети. За се тоа да се случи најпрво ќе инвестираме во подобрување на инфраструктурата со поставување на асфалтен слој во износ од 1.300.000 денари во вкупна површина 1.300 метри квадратни“ -кажа Јорданов.
Истовремено од наредните денови започнуваат градежните активности за продолжување на конзолите на река Отиња.
„Продолжуваме со засилена динамика во вложување во патната инфраструктура во нашиот град. Во наредните денови ќе се започне со рализација на конзолите на река Отиња на два потега, од гимназијата до основното училиште „Ванчо Прке“ и потегот пред хотелот Урбаниста. Исто така продолжуваме со инвестирање во неколку други населби во патна инфраструктура, се со цел парите кои се собираат по основ на даноци од граѓаните д а ги враќаме назад кон граѓаните“ – додаде Јорданов.
Со вакво вложување во градот Јорданов исткана дека ќе се врати довербата каа граѓаните која веќе е изгубена.
Лаура Стојанова М-Нет