Студено време и ниски температури најавуваат метеоролозите, подготвени ли се граѓаните?

Силен ветер и студено време со пад на температурите најавува метеоролошката прогноза за деновите кои се пред нас. Темепратурите во текот на денот во Штип ќе се спуштат и до нулата, а во текот на ноќта и до -5 степени. Граѓаните речиси и да не се навикнати на вака студено време, зашто годинава не може да се каже дека имаме студена зима, сепак велат дека се подготвени. Дел се грејат на струја, друг дел со огревно дрво, посочуваат дека доволно ресурси за затоплување има.

Но од годините наназад паметат и постудени зими, така што велат дека ова не е ништо од тоа што некогаш било. Посочуваат дека и да е постудено како што се најавува, не треба да не изненади, зашто тоа се зимски температури.

Во петок и сабота се најавува ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури во интервал од -10 до -2 степени, односно од -13 до -5 степени, а во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност, но студено време со температури во интервал од -1 до 7 степени, односно од -3 до 5 степени.

Ребека Спасова М-Нет