
Струга Трим Лум го забележа петтиот триумф во низа и го победи Башкими со 6-0 (3-0) во натпреварот од петнаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Мамаду Фау и Радески први се заканија кон голот на Башкими, додека капитенот Буњамин Шабани погоди за 1-0 во 24 минута. Пред истекот на првите 45 минути видовме уште два гола во мрежата на Башкими. На 2-0 зголеми Христијан Малески, а потоа стрелаше и Стефан Јевтоски, кој го постави резултатот на паузата (3-0).
Вториот дел започна со ново силно темпо на домашниот тим, Меметриза Хамза постигна прекрасен гол од слободен удар, со прецизен удар од над 20 метри во 53. минута, а набргу потоа својот втор погодок го постигна Малески, за 5-0.
Се чинеше дека Башкими е комплетно „размонтиран“ и го чекаше само последниот судиски свиреж. Имаше уште по 2-3 шанси на двете страни, а една од нив искористи Арби Воша, кој биеше во 89. минута и ги постави конечните 6-0 на овој натпревар.
Стружани во следното коло ќе гостуваат кај Тиквеш во Кавадарци. Башкими ќе има нова тешка мисија и пред своите гледачи ќе ја пречека тетовска Шкендија.
Извор: ФФМ