
Околу 40 објекти во три села, 2000 бали, фарми и сточна храна е исходот од пожарот според првичните инфорамции од Свети Николе. Страшна слика за жителите кои пред своите очи им гореа објектите во селата, а луѓето со црвева ги гаснеа. Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев посочи дека за гаснењето на пожарот вклучени се припадници од ТППЕ од Свети Николе, претставници од АРМ, доброволното противпожарно друштво од Берово и од Каварарци. Теренот е непристапен, па пожарникарите делуваат и се борат со огнената стихија, а ветерот и понатаму продолжува да биде голем непријател.
„Значи во текот на вчерашниот ден имаше повеќе пожари во атарот на село Малино, Немањици, село Орел Ерџелија. Во село Немањици, Орел и Малино пожарот е ставен под контрола, моментално во Ерџилија има мал пожар, но верувам дека ќе биде ставен под контрола. Лошо е што има активен пожар во атарот на село Ѓушанци, Горно Ѓиѓанци е веќе зафатено со тоа што ветерот ги испраќа пламените јазици кон Долно Ѓиѓанци.“ – изјави Владев
Трогателна слика за жителите кои изменатото деноноќие го минале во страв за нивните животи бидејќи ситуацијата е сериозна и алармантна. Велат дека човечки фактор е предизвикувач на пожарот, а штетите се многу големи, особено во село Немањци каде има опожарено околу 70% од куќите.
„Тоа мслам дека е човечки фактор, не може да биде од климатски услови со пожари и такви работи. Досега пожар не е имало, фактор е човекот. Штетите се големи, 70% од куќите во село Немањици се опожарени, има настрадано фарми краварски, сточна храна. Вчера е било војна со пожарот. Ораме, се уште ораме, но трактори, но многу јак ветер доаѓа. Овие куќи се запалија, истуравме води, испогоревме. Па се запале, одвај се спасиме почна да гори и надолу. Дете доаѓа паѓа, изгорела куќата. Глетката вчера беше страшна, кога дојде до ридот, дојде долку ги поставивме црвеата додека имаше вода, многу брзо гореше, дојдеа да копаат балите се заплија, сите луѓе избегаа.Моментално е добро, но ќе гори две недели.“ – изјавиа граѓаните
Инаку пожарот во Свети Николе се гаснеше од небо и земја. Со трите ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и сите граѓани се гаснење пожарот, а сеуште на терен делуваат, бидејќи пожарот се шири и во другите околни села.
Лаура Стојанова, М-Нет