
И по две години ситуацијата со старите занаети држи статус кво. Поправката на часовници во Штип речиси е пред умирање, вели Сашо Милев кој повеќе од три децении се занимава со овој занает. Вели сега среќна околност се странските студенти во градо кои знаат понекогаш да однесат часовник на попрвака, ама пред се станува збор само за промена на батерија.
„Па како што нема луѓе, однонсо како што се иселија сите, поправките малку замират. Ама има млади, има студенти, така да тука некаде е, не е ниту плус ниту минус ситуацијата. Странските студенти знаат да дојдат, ама малку се ценкат ама платат не, од турската популација ама поправат и они имаат некои добри саати“ – вели Милев.
Милев вели дека цената на услугите е речиси иста како и претходно и покрај фактот дека сѐ останато е со повисока цена. Моментално на поправка се носат рачни саати, а недостиг се чувствува бидејќи никој не користи будилници или домашни часовници кои порано се носеле на поправка.
„Според стари цени се работи се, треба да има и обрат и работа за да се качи цената, нешто има покачено ама ништо значително. Најчесто се работи од стари часовници, а има и луѓе кои носат роба од Скопје. “ – додава Милев.
Граѓаните на терен велат ретко одат кај часовничар, бидејќи не им се исплаќа да го поправаат стариот саат. Младите не се занимаваат со вакви занаети затоа и истите измуираат.
И пред две години во време на ковид пандемија ситуацијата со занаетчиство беше речиси идентична. Во градовите од Истокот има по еден или ниту еден часовничар, а се поретки се и останатите работилници односно занаети со кои се занимаваат граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет