Стравуваат ли штипјани од западнонилска треска?

Стравуваат ли штипјани од западнонилската треска или, сепак, нема место за паника? Граѓаните со поделени мислења, едни велат дека се загрижени, особено поради зголемениот број случаи, додека други велат дека не се плашат и не веруваат во сериозна опасност. Иако неколку счуаи се потврдени во скопскиот регион, сепак граѓаните веалт дека во Штип до тоа не може да дојде.

Повозраснтие велат дека комарците се нормална работа во летиот период, остануваат децидни дека комарците ги имало од секогаш, дури и кгоа се работело на поле.

По потврдените случаи во скопскиот регион, западнонилската треска повторно ја актуелизираше темата за заштита од комарци. Во Штип, сепак, граѓаните засега велат дека не се загрижени и не очекуваат појава на болеста во градот.

Ева Тушевска, М-Нет