Стравот од Ковидот во општина Штип стивнува, се намалува и бројот на пациенти со симптоми – вели д-р Златко Стојменов, од приватната здравствена установа д-р Стојменов

Стравот од Ковидот во општина Штип стивнува, се намалува и бројот на пациенти со симптоми – вели д-р Златко Стојменов, од приватната здравствена установа д-р Стојменов.

Штип, како текстилен град, и како град во кој се појави таканаречениот кластер-текстилци на ,и  кога бројката во Штип изнесуваше и над триесет пациенти заболени во еден ден, кај штипјани предизвика вистински страв и паника.

И најобична настинка кај болниот пациент предизвикуваше страв. Зголемувањето на телесната температура значеше и моментално обраќање до матичниот доктор. Такви беа и препораките  од Министерот за Здравство. Максималната бројка на дневно примени пациенти, за време на  пикот на епидемијата изнесуваше и по педесет, ни изјави д-р Стојменов, специјалист во истоимената Установа.  Ние моравме да го преземеме потешкиот товар во ова време невреме. Во матичните ординации се врши дијагностицирањето, упатување на соодветно лекување, а кај нас се вршат и административно комисиските активности.

Во изминатите неколку недели бројот на пациенти стивна. Бројката на пациенти се намали ,а постепено ги снемува и стравот и паниката.

Граѓаните се навикнаа, на новото време. Носење маски, задолжително миење раце, и целосно зголемување на нивото на хигиена

Матичните лекари, ја одигруваат, главната улога во справувањето со досега најголемата пандемија Ковид-19.Кај нив се врши дијагностицирањето, упатување на соодветното лекување и административните комисиски активности.

За време на оваа беспарица која е предизвикана и како дел од пандемијата треба да потецираме дека лекувањето на инфективните болести, под кои спаѓа и Ковидот се ослободени од плаќање  од страна на Буџетот, и за цело време кај матичните лекари  лекувањето е бесплатно.