Пливачите на ПСК „Челични“ од Штип комплетни ќе настапат на Велешкиот маратон

Како се наближува крајот на пливачката сезона се повеќе расте бројот на „челичните“ пливачи од Штип кои ги разбрануваат водите на македонските езера. Во престојниот викенд според програмата на Пливачката Федерација на Македонија ќе се одржи Велешкиот маратон како традиционален дел од Купот во деличинско пливање. Ова ќе биде Седми пливачки маратон во кој како технички организатор е „Клуб 28“ и кајак клубот „Бабуна“ а под покровителство на Црвениот крст и на Општина Велес. Натпреварите ќе се одвиваат во три категории на 800, 1600 и на 2500 м. во машка и во женска конкуренција. На Велешкиот маратон според информацијата од спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски ќе настапат досега во најголем број и тоа следните пливачи на „челичните“: – Вероника Зашевска, Анабела Јанев, Ивона Наумова, Методи Георгиев,Ренато Ристов а интересен ќе биде и настапот на ветеранот Кирил Рамбабов.

Велешкиот пливачки маратон согласно протоколот за заштита и превенција од ковид 19 ќе се одржи во сабота на 12 септември со почеток на рекреативниот маратон во 10 часот и на Македонскиот далечински куп во 12 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk