Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors 2026 во Женева, како единствен претставник од Македонија.
Учеството на овој меѓународен форум претставува можност за претставување на општинските искуства и постигнувања, размена на добри практики со градоначалници од различни земји и развивање партнерства за идни заеднички проекти, известува Општината.

Општина Ѓорче Петров ја гради меѓународната соработка како важен дел од својот локален развој. Преку партнерства и учество во меѓународни иницијативи, општината го зајакнува својот капацитет за реализација на проекти, воведување нови решенија и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Присуството во Женева отвора дополнителни можности за соработка во областите на одржливиот развој, климатската отпорност, уредувањето на јавните простори и унапредувањето на јавните услуги. Целта е стекнатите знаења и воспоставените контакти да придонесат кон конкретни активности и проекти во Ѓорче Петров.

Со учеството на UN Forum of Mayors 2026, Ѓорче Петров ја потврдува својата определба за отворена, активна и посветена локална самоуправа, која преку меѓународна соработка создава нови можности за своите жители, се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров.
Текстот Стојкоски на UN Forum of Mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка е превземен од МАКФАКС.