
Овој викенд стартува третиот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига со мечевите од 23 рунда. Веќе утре на програмата ќе бидат два натпревари.
Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра како фаворит против Македонија ЃП, „лавовите“ ќе бараат бодови за опстанок против стружани. Лидерот Вардар на домашен терен ќе се соочи со Брера Струмица.
В недела Тиквеш треба да има лесна задача против веќе „отпишаниот“ Шкупи на домашен терен, додека пак Шкендија само три бода гледа од мечот со Арсими.
Во понеделник во Кратово ќе се одигра мечот меѓу Силекс и Пелистер, битолачни ќе имаат тешка задача на терен каде тешко се освојуваат бодови, но притисокон кон нив е голем во трката за опстанок.
Башкими пак на домашен терен ќе игра против Работнички, „романтичарите“ веќе се будат во трката за опстанок и имаат реални шанси, а со триумф во Куманово и тек како ќе ги зголемат истите. Од друга страна со триумф Башкими ќе направи чекор напред кон опстанокот.
Александар Ванев, М-Нет