
Стада добиток забележани во дворот на планинарскиот дом „Вртешка“ и црквата „Св. Георгиј“ на планината Плачковица.
Според објавеното видео на социјалните мрежи, добитокот слободно влегува во просторот околу објектите, ја пасе тревата, при тоа уништувајќи ги неколкугодишните насадени дрвца. Според информациите од засегнатите, ова не е прв случај, туку актуален проблем на Плачковица кој се повторува и станува сè почест.
Просторот околу планинарскиот дом „Вртешка“ и црквата „Св. Георгиј“ е едно од местата кои ги посетуваат планинари и љубители на природата, па уништувањето на зеленилото предизвикува реакции и револт кај граѓаните.
Ева Тушевска, М-Нет