
Пациетните од Штип и исоточниот регион нема да мора да поминваат километри до главниот град за да им се спаси животот. Вратени се во функција трите апарти кои беа расипани во Клиничка болница Штип. Апаратот за магнетна резонанса, ангеографот и компјутерот за томографија од претходната недела функционираат откако претходно во рок од три месеца, трите апарати беа за сервисирање. Директорот на Клиничка болница Штип, доктор Ален Георгијев истакна дека се поправени и вратени во болницата.
„Претходната недела почнаа повторно да функционираат ангеографот и компјутерот за томографија при Клиничка болница Штип. Двата апарати беа за сервисирање, заедно со апаратот за магнетна резонанса и откако се попрваија се вратија во болницата. Сега на дневна основа имаме над десетина пациенти кои го користат томографот, а со помош на ангеографот се спасуваат човечки животи и не се губи време при транспорт на пациенти до Скопје“ – вели Георгијев.
Директорот на Клиничка болница Штип доктор Ален Георгијев, пред две недели исткана дека за сервис на овие апарти се потребни околу 20 милиони денари.
„Сите заедно сервиси за овие апарати нивната цена чини 20 милиони денари, ни се случија во рок од три месеци.“ – кажа Георгијев.
Ангеографот доби нова цевка, а нова цевка во вредност од 10 милиони денари добри и компјутерскиот томограф. Георгијев истакна дека со ова се подобрува работата во болницата, а им се излегува во пресрет на потребите на пациетите.
Во меѓувреме, болницата сѐ уште седи во чекалната на Министерството за финансии за да добие одобрени за вработување на нови 13 лица, доктори и медицински сестри. Геогријев во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека кога од финансии ќе добијат одобрени тогаш ќе биде распишан и огласот за вработување.
Лаура Стојанова М-Нет