Ставен под контрола пожарот кај штипско Доброшани

Во текот на вчерашниот ден околу 18 часот по дојава од граѓани се интервенираше и во неколку штипски села кои беа зафатени со огнени јазици. Пожарот избувнал во атарот на селата Доброшани и Богословец , и веднаш е мобилизирана целата екипа на ТППЕ Штип која била на терен и учествувала во гаснењето на пожарот. Ноќта пожарникарите ја поминале во базата а само едно противпожарно возило е оставено во Криви дол бидејќи таму било најопасно, каде имаше помош и од АРМ.

„Во раните утрински часови наши екипи со едно возило и пет пожарникари е отидено во селото Доброшани, дојдени се два џипа од Дирекција и еден од ЈП „Стипион“ и уште пет лица пожарникари на лице место“ – истакна Тимов Пане, пожарникар.

За сега сеуште нема информации каква е моменталната состојба во Доброшани бидејќи нема мрежа и не може да се добијат противпожарните екипи. Но, како што посочи и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово понатамошно ширење, а изгаснат е и пожарот кај Криви дол.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Веловски истакна дека и од страна на Свети Николе пожарот е ставен под контрола. Нема изгорено куќи и објекти, а за среќа нема ниту човечки жртви.

Лаура Стојанова М-Нет