
По зголемувањето на цените на прозиводите, електричната енергија и нафтените дривати, граѓаните остануваат песимисти дека работите ќе се движат кон подобро. Дека состојбата со инфлацијата и кризата нема да се подобри, ниту наредната година уверуваат и од Стопанската комора на Македонија. Потпретседателот, Орце Симов, вели дека излез од кризата според истражувањата, односно стабилизација во економијата се очекува дури во 2026 година.
„Оваа криза за некои земји кои се енергетски зависни е доста проблематична, додека за други земји кои произведуваат енергенси тие сакаат и за нив е пожело што повеќе да потрае затоа што генерираат огромни приходи. Ние во Македонија сме енергетски доста зависни и големи средства одлеваме по однос на енергенси. 2023 година економијата најверојатно, америчката економија можеби ќе се спаси од рецеси или пак ќе има многу мал минимален пораст на економијата, додека во Европа се очекува 19 земји да имаат рецесија“ – кажа Симов.
Во нашата држава за наредната година можен е само минимален раст на економијата велат од Стопанската комора, бидејќи сме држава кој е завина од енергенси.
„2023 година во Европа се очекува да има рецесија, земјите во развој како што е Македонија се можеби ќе имаат некаков минимален раст на економијата, но не толку колку што би бил голем без оваа енергетска криза.“ – додава Симов.
Општествата кои имаат поголем степен на дигитализација многу полесно може да закрепнат и да се спасат од кризите, вели Симов. Според него, треба да се работи на дигитализација во општините и државата со цел кризите да останат во минатото.
Лаура Стојанова М-Нет