Литар млеко како шише вода, Блашка од пробиштипско вели исплатливоста е сведена на минимум

Еден литар млаеко, млекарите го откупуваат по цена од 20 денари, а шише вода чини повеќе. Токму заради ова Блашка од село Пишица и нејзиното семејство од десетина крави денеска одлгедуваат само две. На пазарот цената на млекото е 60 денари за литар, ама како што вели покачена е цената на храната, превозот и сѐ останато.

„Млекото е од Пишица, цената сега за сега е добра 60 денари, кравјо млеко. Имаме две крави, сами останавме со сопругот и чуваме само две крави. Порано чувавме по пет по шест, имаше. Ама храната се качи, нашето млеко од млекарата го земаат по 20 денари, едно шише вода е 20 денари и нема сметка да се чува. Сите веќе ги продадеа кравите, никој не чува. Сѐ качија, нашето не го качуват, сѐ надолу оди“ – вели Јованова.

Исплатливост нема ниту од млекото, ниту од одгледувањето ориз, за земјоделците госпоѓа Јованова вели ситуацијата е повеќе од тешка. Токму и затоа младите својата егзистенција ја бараат најчесто, надвор од границите на државата.

„Не се исплаќа, ама што да правиме, мора. Немам пензија, мажот ми девет ипол илјади пензија зема. Имаме и ориз, ама и цената на оризот е никаква. 40 -50 денари за килограм ориз, на пазарот се нуди по 70 до 80 денари, а сѐ е скапо. Нема кој да не наследи.“ – додава Јованова.

Млекото таа го пласира секој петок на пазарот во Штип, вели граѓаните го бараат почесто, за разлика од удрата која се троши , но не во големи количини.

Лаура Стојанова М-Нет