Во недела ќе се одржи традиционалната „Форца забава“ во Штип

И оваа година традиционално календарскатa година се заокружува со Форца забава на која ќе присуствуваат фудбалски репрезентативци кои потекуваат од Штип, а дел од истата ќе бидат и репрезентативци кои имаат зад себе големи достигнувања. Форца забавата е закажана за во недела, 25 декември, и се одржува четврта година по ред.

„На 25.12., во недела, ќе се одржи предновогодишна форца забава, како и секоја година. Ова се одржува веќе четврта година по ред заедно со фудбалските репрезентативци кои потекнуваат од Штип. На оваа забава ќе присуствуваат Иван Николов, кој е репрезентативец на Македонија во А селекција и игра за фудбалски клуб Брегалница, Ване Крстевски и Матеј Ангелов.“ – вели Јакимовски.

Јакимовски истакна дека зававата ќе биде збогатена со доделување на дресови и маички,а дел од неа во годините наназад биле доста познати фудбалски репрезентативци.

„На таа форца забава ќе бидат доделени дресови, маички, ова е традиционалана забава“, додава тој.

Ваква Форца забава се организираше и претходната година со што се става одличен крај на фудбалските случувања од годината која изминува.

Лаура Стојанова М-Нет