
Млади средношколци од Кавадарци го изведоа литературниот перформанс ,,Слушни ја мојата приказна“ во штипската библиотека Гоце Делчев. Овој уникатен перформанс претставува адаптација на седум литературни класици од светот и Македонија – патување низ зборот, кое потсетува што не научила литературата од минатото, а како живееме денес. Перформансот беше посветен на Европскиот ден на јазиците, славејќи ја јазичната и културната разновидност преку моќта на литературата.
,,Станува збор за адаптација на седум класици од светот. Професорката Васка Петкова има добра адаптација од овие дела и нашата главна цел кога правевме ова на библиотеката и беше да и покажеме на сите дека иако навидум е заборавена литературата, она што не учи децении наназад и векови се уште го живееме и се уште боли, како и денес.“, рече Гурев
Овој литературен перформанс покажа дека младите имаат глас што вреди да се слушне, полн со креативност, чувствителност и желба за промена. Преку адаптациите на класиците, тие ја пренесоа пораката дека книжевноста не е минато, туку живо сведоштво за нашата сегашност и иднина. Нивната изведба беше потсетник дека јазикот не познава граници кога зборува од срце.
Иван Митев, М-Нет