Сребро и бронза за кикбокс клубот „Гладијатор Фајт“ од Штип на Европски куп во Србија

Со медали се враќаат двајца членови на штипскиот кикбокс клуб „Гладијатор Фајт“ од Европскиот куп во Србија. Сребрениот медал ѝ припадна на Антонија Тасева, која во првата борба победи со резултат 3:0 од борец на Црна Гора, а во финалето изгуби од домашен борец на Република Србија. Бронза, пак, освои Андреј Алексов кој во првата борба победи со резултат 2:1 од борец на Босна и Херцеговина, а во четвртфиналето изгуби од борец на Република Србија. На Европскиот куп Опен Србија учествуваше и Марио Алексов кој дома се враќа без медал.

Ребека Спасова М-Нет