,,Спортски игри“ во ООУ,,Димитар Влахов“ Штип со цел стекнување нови пријателства

Со цел стекнување на нови другарства, денес ООУ,, Димитар Влахов“ Штип, заедно со ОУ Страшо Пинџур Карбинци, организираа настан именуван како ,,спортски иги“ на кој учествуваа учениците од прво до четврто одделение од обете улилишта. Имајќи во предвид дека во карбинското основно училиште учат и деца од различна националност, одделенскиот наставник Цветанка Николова за нашата телевизија рече дека тоа не пречка, туку богатство кое покажува дека различностите не здружуваат.

,,Денес со радост ја спроведуваме актвиноста спортски игри, заеднички помеѓу ООУ Димитар Влахов Штип и ОУ Страшо Пинџур Карбинци. Оваа средба претставува пример како преку спортот можеме да ги поврзиме уечниците, без разлика на јазикот на кој што учат. Наставата на повеќе јазици не е пречка, туку богатство кое ни покажува дека различностите не здружуваат. Денес сите сме победници, затоа што учиме да се почитуваме, поддржуваме и да градиме пријателства, кои надминуваат училишни дворови.“, рече Николова

Наставничката Цветанка Алексовска од ОУ,,Страшо Пинџур“ Карбинци, истакна дека ова не е само натпревар, туку и празник, бидејќи учествуваа и дечињата од различна националност.

,,Денес сме сведоци на уште една успешно завршена активност помеѓу овие две училишта, а нашето училиште истовремено изведува настава на македонски и труски јазик. Преку спортот ние ги градиме вредностие на мегусебно почитување, пријателства и соработка. Можам да кажам дека ова не е само натпревар, туку и празник.“, рече Алексовска

Инаку, настанот се одржа во спортската сала на ООУ ,, Димитар Влахов“ во Штип, а на истиот учество зедоа сите ученици од прво до четврто одделение. Преку овој настан денес сите дечиња истовремено се дружеа и другаруваа.

Иван Митев, М-Нет