„Спортот како мост до хуманоста” – хуманитарен турнир во штипската гимназија

Голем хуманитарен спортски турнир во одбојка и кошарка денес се одржа во дворот на штипската гиманзија Славчо Стојменски. Со учество од само 100 денари, секој учесник даде свој придонес за помош на лице во социјален ризик. Еден од главните организатори и меѓу присутните од таму Теодора Стојчовска, рече дека целта е јасна преку спорт и хуманост да се покаже дека сите заедно се посилни. Таа заедно со тимот волонтери имаа за задача успешно да го реализират овој настан, кој пред се обединува средни и основни училишта.

,,Денес сме во гимназијата и во соработка со неа организираме хуманитарен турнир по одбојка и кошарка, каде што се плаќа учество по 100 денари со цел да се помогне на социјално загрозено лице. Jас Теодора како организатор на заедно со волонтерите имаме за задача успешно да го реализираме проектот и затоа се надевам дека успешно ќе биде спроведен турнирот. Во
турнирот учествуваа сите средни училишта и неколку основни. Секој може да учествува, кој што има чувство на хуманост за сите заедно да помогнеме, затоа што сите заедно сме посилни.“ рече Стојчовска

На крајот од турнирот, ќе бидат прогласени победниците, рече Стојчовска, но вистинската победа е солидарноста и заедничкиот дух што се создаде денес меѓу учесниците. Секоја екипа ќе добие свое признание – пехари и пофалници – кои ќе ја зајакнат атмосферата на турнирот и ќе остават траен спомен на овој настан.

,,Имаме повеќе екипи, доста заинтересирнасот, благодарение на гимназијата. На крајот ќе бидат прогласени победници. Ќе се доделуваат пехари и пофалници за секоа екипа посебно се со цел да се добие даа атмосфера на турнир.

Настанот има за цел да ја подигне свеста за важноста на солидарноста и да ја покаже силата на заедницата. Турнирот носи не само спортски возбуда, туку и надеж за оние на кои им е потребна помош.

Иван Митев, М-Нет