
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 27. коло на Втора лига. Делегирани се и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Јордан Јовановски ќе им суди на Каменица Саса и Вардар Неготино, Никола Костенчев ќе им суди на Новаци и Вардарски, а пак Бардхиљ Ибраими ќе им суди на Победа и Осогово во Прилеп.
Благојче Ралевски ќе ј дели правдата на мечот меѓу Башкими и Осогово, Сашко Ристов ќе им суди на Охрид и Кожуф, Слободен Боцевски ќе биде главен во Струмица каде играат Беласица и Детонит Плачковица.
Бењамин Ќерими го доби дербито меѓу Арсими и Брегалница, а пак Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Македонија ЃП и Борец
Натпреварите започнуваат во 16 часот.
Александар Ванев, М-Нет