Спирко Златков нов тренер на Осогово, пред младиот тренер сериозен предизвик – опстанок во Втора лига

Осогово од Кочани брзо назначи нов тренер, откако по оставката на тренерот Крсте Крстев, на негово место доаѓа младиот тренер Спирко Златков, кој ќе има за цел да го извлече тимот од резултатската криза.

„Жетварите“ по седум кола имаат три ремија и четири порази и со три бодови се на претпоследното место, минатата сезона беа вистински хит, но годинава борбата за опстанок ќе биде повеќе од тешка.

Златков ќе треба најпрво да обезбеди прва победа, да започне да собира бодови додека има време, со цел конкурентите да не направат посериозна бодовна предност. Но, јасно ќе биде оти ќе треба и освежувања во ростерот на полусезона.

Златков претходно има работеше во стручниот штаб како асистент на тимот од Кочани.

Александар Ванев, М-Нет