СДСМ бара одговорност и оставка од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по бегството на обвинетата Ива Михајлова во Бугарија.
„Бараме одговорност за сите што ја пуштија Ива Михаилова. Прв политичка одговорност треба да понесе министерот Панче Тошковски. Бараме негова оставка веднаш. Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Граѓаните гледаат што се договорало под маса и „под радар“ откако Муцунски беше во Софија. Тошковски ја пушти Михаилова. Ја напуштила земјата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош. Таа јавно вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека граничните службеници знаеле. МВР вели нема евидентиран излез. Јасно е се. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат. Ова е договорено“, вели Кети Штерјова од СДСМ.
Таа додаде дека СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова, од оние кои договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.
„Јавноста мора да дознае кој го реализирал договорот и по чив налог. Пет тони дрога поминаа преку граница, нарко дилер побегна од полициската станица, на северната граница серија инциденти, бегства, пречек со црвен килим. Телохранителот на Мицкоски не одговораше, не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка. Ова се прашања за небезбедност на граѓаните, за нееднаквост пред законот и за неспособноста на МВР да ги исполнува своите обврски“, рече Штерјова.
Текстот (Видео) Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова е превземен од МАКФАКС.