
Почетокот на наредната година 34 семејства од социјален ризик ќе бидат сместени во новата социјална здгрда во Општина Кочани. Денеска увид во градежните активности изврши Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој истакна дека од претрходниот до денешниот увод зградта е во доста напредната фаза.
„Денес направивме увид во изградбата на социјалната станбена зграда во Кочани, каде што разговаравме и со надзорниот орган и со изведувачите. Драго ми е што при последниот увид овде беше реализација на темелната плоча и неколку столбови на подрумите. Денеска гледаме дека зградата е во сосема напредната фаза, каде конструкцијата е при самиот крај и очекуваме дека до крајот на оваа година ќе биде комплетно завршена и почеток на 2023 година ќе влеземе во постапка за распределба на овие 34 социјални станови“ – кажа Бочварски.
Со изградбата на новата социјално станбена зграда во Кочани се решава станбеното прашање на 34 семејства од социјален ризик. Истата започна со изградба кон средината на претходната година, а предвидениот рок за завршување на истата беше по 18 месеци. За сега изградбата се одвива со одлично темпо децидно додаде Бочварски.
Во меѓувреме изградбата на социјалните згради во Виница, Свети Николе, Пробиштип и Гостивар се завршени, и во тек е изборот на стручна комисија која ќе распише оглас за пријаввање на семејства кои ќе живеат во овие згради.
Инаку, најава за изградба на социјална зграда имаше и за во Општина Штип, но за сега се уште нема започнато со реализација на таков проект.
Лаура Стојанова М-Нет